Радески: Возбуден сум што се враќам во Струмица, Шкупи оди по трите бода!

256

Марјан Радески до пред три месеци беше член на Академија Пандев, а сега ќе мора утре со својот Шкупи, во дербито на колото во ПМФЛ, да се обиде да слави пак “пандевци“.

За клупскиот сајт на Шкупи, напаѓачот на чаирчани во престе на утрешниот меч изјави:

Максимален респект за Академија Пандев. Таму минав одличен период од мијата кариера и затоа сум возбуден што се враќам во Струмица. На чело на овој клуб е Горан Пандев, кого многу го почитувам. Инаку нашите цели се јасни, ние на ова дерби ќе одиме по трите бода. Сметам дка ова ќе биде супер натпревар, а ние доколку ги извршиме задачите на стручниот штаб, тогаш би можеле да дојдеме до победата“ заврши Радески.

ПретходноРеал Мадрид ќе купува играч на Ц. Звезда!
СледноОдлично деби: Спировски со гол во првиот меч за Мариупол! (видео)