Работнички во ново светло не успеа од прва да му земе пехар на градскиот ривал МЗТ Скопје, беше поразен во Суперкупот по голема драма со 79-78.
Предводникот на тимот од Градски Парк, Тони Симиќ нема замерки за своите играчи, задоволен од она што го виде на теренот и покрај поразот.
„Добар натпревар со оглед на долгата пауза. Ова ни е прв официјално меч. Презадоволен сум од момците го дадоа максимумот. Мислам дека пресуди нашето неискустово, имаме нов состав. Ќе покажаме поквалитетни игри, одиме во добра насока, главата горе. Не чека стартот на првенството, ќе гледаме да се покажеме во најдобро светло. Ни треба време да се воиграме, бидејќи ова е нов проект, немаме притисок, одиме полека, нашата цел е овој клуб да почне да живее. Не ништо страшно, ниту пак нешто е загубено“, изјави Симиќ.