Слатка одмазда, Сити триумфално на “Стемфорд“, а Јунајтед и Роналдо тотално разочараа! (ВИДЕО)

174

Каква слатка одмазда. Во супер – дербито во Премиер – лигата, шампионот на Англија го победи првакот на Европа. Манчестер Сити со 1:0 го победи Челзи и тоа во Лондон и тоа на “Стемфорд Бриџ“. Со тоа му се одмазди за серијата порази во последно време, но и за поразот во финалето во Лигата на Шампионите.

Стрелец на победничкиот гол за Сити беше Жезус во 53.минута. Челзи постигна гол преку Лукаку, но сепак таа ситуацијата беше офсајд. Во продолжение од дербито Челзи тргна со сите сили во израмнување, но не успеа. Гостите дури имаа и шанси да победат со што поголем резултат.

Каков шок на “Олд Трафорд“. Манчестер Јунајтед – Астон Вила 0:1. За неверување, но сепак треба да се каже дека Јунајтед и Роналдо тотално разочара, а посебно Бруно Фернадеш кој во 90+2.минута од белата точка шутираше високо над голот, некаде во 20 ред од трибините изгледа.

Победничкиот гол за Астон Вила беше дело на Хаус во 88.минута, кој само неколку минути подоцна беше виновникот за пеналот за домашните, но за негова среќа Фернандеш не беше прецизен.

ПретходноКапитенот на У-21 на Македонија ја продолжи кариерата во втората лига на Хрватска!!!
СледноЛандо Норис со пол-позиција во Сочи, Хамилтон четврти!