Практично, главниот организатор на Лејвер Купот, Роџер Федерер, изненадувачки се појави на првиот натпреварувачки ден во Бостон.
Иако не беше објавен поради неодамнешната операција на коленото, Швајцарецот пристигна во Америка и ги изненади присутните играчи, но и навивачите. Преполните трибини во салата го поздравија освојувачот на 20 грен слем титули со голем аплауз.
Федерер за „Си-Ен-Би-Си“ изјави дека причината за организирање на Лејвер Купот е паузата од официјалните натпреварувања и дека е забавно и за играчите и за навивачите.
Hello Boston!!!@LaverCup pic.twitter.com/dhIr2Qkro9
— Roger Federer (@rogerfederer) September 24, 2021
„На патување во Шангај со Тони Годсик, дојдовме до идеја да направиме нешто за иднината и да вклучиме млади играчи, да учиме од најдобрите, како Џон Мекинро и Бјорн Борг“, рече Федерер , додавајќи:
“Род Лејвер беше херој за многумина од нас. Тој е голема легенда“.
По првиот натпреварувачки ден, европскиот тим води против светскиот тим со резултат 3:1 во победи.
A welcome guest.#LaverCup | @rogerfederer pic.twitter.com/cUzgTSRzlZ
— Laver Cup (@LaverCup) September 24, 2021