Шеикот Мансур издал наредба: Мбапе во јануари да се донесе во Манчестер Сити!

286

Манчестер Сити не се откажува од своите планови. Англискиот првак има намера да се натпреварува со Реал Мадрид за потписот на напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе, а во обидот да го победи „кралскиот клуб“ во оваа битка, Сити ќе тргне по Мбапе веќе во јануари.

Шеикот Мансур бин Зајед ал-Најан, сопственикот на англискиот клуб, им рекол на вработените во клубот дека Французинот мора да биде потпишан по секоја цена. Манчестер Сити ќе се обиде да го ангажира Мбапе веќе во јануари, кога ќе му остане уште половина година пред истекот на договорот со францускиот гигант.

Да потсетиме, Реал Мадрид сакаше да го ангажира Килијан ова лето, но ПСЖ одби две понуди за францускиот репрезентативец кои стигнаа од канцеларијата на Реал.

ПретходноДалас ќе го повлече дресот со број 41 кој го носеше Новицки
СледноВечните ривали на дело во битка за Суперкупот