Лина Ѓорческа не успеа да го мине полуфиналето на ИТФ-фјучрсот кој се игра во Визбаден, Германија. Најдобрата македонска тенисерка, по голема битка беше поразена од првата носителка Клара Бурел.
Ѓорќеска беше совладана со 1-2 во сетови (6-4, 4-6, 4-6). Македонската тенисерка го доби првиот сет со 6-4. Противничката возврати во следниот сет на ист начин, во решавачкиот сет, Лина направи еден брејк, недоволно за да се најде во финалето.
Бурел во мечот за трофеј ќе игра против Кони Перин од Унгарија.