Јелена Антиќ и нејзиниот Бакет Кам не успеаја да ја продолжат доминацијата од минатата сезона кога во битката за титулите беа подобри од Бадел 1861. Денеска тимот од Македонска Каменица беше целосно надигран.
„Бадел уште еднаш потврди дека се екипа со долгогодишна традиција, дојде до залужена победа. Што се однесува до нашата игра, ние пред недела дена почнавме со тренинзи и деифинитвно ни е потребно време. Има недостатоци, сепак, ова е нова екипа и треба време сите да се запознаат. Имаме три искусни играчи кои не се познаваат меѓу себе, останатите се млади. Ова е почетокот, ние нема да го гледаме почетокот на сезоната, туку крајот“, изјави Јелена Антиќ.