Бадел 1861 испиша историја, преку Баскет Кам до Суперкуп трофејот (ФОТО)

123

Бадел 1862 испиша историја во „Кале“, постана првиот освојувач на Суперкуп трофејот во женска конкуренција. Избраничките на Перо Стамевски до триумфот дојдоа на сметка на Бакет Кам, актуелниот двоен освојувач на титулата, го совладаа со 88-72 и најава интересна сезона. Суперкупот од оваа година го носи името на легендарниот тренер „Драган Василов Цевка“.

Прво име во редовите на победникот беше Ивана Кметовска, која средбата ја заврши со дабл-дабл од 26 поени и 11 скока, зад неа беше Александра Стојановска исто со дабл-дабл, запиша 21 поен и 12 асистенции. На другата страна Адамс имаше 27 поени и 15 скока.

На почетокот имаше нешто изедначена игра, по што „баделки“ на крајот на првата четвртина успеаја да поведа со 19-22, на одморот заминаа со 33-49. Четири минути по одморот Кам Бакет имаше негатива од 39-63, овој период заврши со 17-17, недоволно да се урне ритамот на противникот.

Кошаркарките од Македонска Каменица продолжија со притисокот, но немаа доволно сили за целосен пресврт. На крајот, екипата на Бадел 1862 сосема заслужено се радуваше на првиот триумф пред стартот на новата сезона. На пет минути до крајот беше 58-80.

ПретходноПрвпат по 86 години Лидс не победи на првите шест меча во најсилната англиска лига
СледноКметовска: Не можевме да посакаме подобар старт на сезоната!