Венгер открива: Ако имаме СП на две години, квалификациите ќе се играат само во март и октомври

207

Директорот нa ФИФА за „глобален фудбалски развој“, Арсен Венгер, не отстапува од идејата Мундијалите да се одржуваат на секои две, наместо како досега на секои четири години. Тој уште еднаш тргна да објаснува колку е голема оваа негова идеја откривајќи го и планот за организација на квалификациите, кои дополнително би го оптовариле и онака пренатрупаниот фудбалски календар.

Епохалната новина е токму во начинот на кој репрезентациите би се бореле за да одат на светските првенства секои две години. Имено, според Венгер, квалификациите повеќе нема да се играат една година, во пет термини од по десет дена во септември, октомври, ноември, март и јуни како досега, туку само во еден или најмногу два термина, во март и октомври. Тоа значи дека ако Македонија игра десет натпревари во квалификациската група за СП 2022 година, во иднина, максималниот број на квалификациски мечеви во група би бил шест и истите нема да се протегаат во текот на една или повеќе години, туку сите ќе бидат набиени во два квалификациски прозорци, нешто слично како квалификациите во кошарката.

„Го планираме ова со цел да го намалиме бројот на датуми за квалификациски натпревари, односно да ги групираме во помали термини и на крајот од секоја сезона да имаме едно големо натпреварување. Остатокот од времето играчите би биле во своите клубови“, објаснува Венгер во интервју за француски „Л’Екип“.

ПретходноСупер-дерби: Челзи го дочекува Сити во реприза на финалето од ЛШ
СледноВМФЛ – ЗАПАД: Вардар со Глигоров на клупата мора да победи, Силекс сака пет од пет, Воска против Велешта…