Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, ќе ја започне трката за ГН на Русија во недела од задниот дел на стратната линија, како резултат на казната за користење премногу мотори.
Ред Бул мораше да земе и четврти мотор сезонава, еден повеќе од дозволеното за една сезона. Тие одлучија да го сторат тоа во Русија, откако му беше изречена казна од три места претходно за неговиот удар во судирот со ривалот за титулата Луис Хамилтон на последната трка.