Македонската интернационалка Гентјана Рочи реализираше три гола во победата на нејзиниот Купс против тимот на Ванта со 6:0 во меч од плеј-офот од финското првенство. Купс е лидер во плејофот со шест бода повеќе од второпласираниот ТиПС и е на чекор до шампионската титула (веќе идната недела може да го осигура трофејот доколку Купс освои барем бод).
Во регуларниот дел од сезоната Рочи заврши прва на листата на стрелци со 21 гол, а само во плеј-офот даде четири што значи дека вкупно има 25 гола! Ако продолжи вака ќе ја освои златната копачка во финскиот шампионат!