Ландо Норис со пол-позиција во Сочи, Хамилтон четврти!

142

Ландо Норис заврши како прв во квалифиикациите во Формула 1 во трката за ГН на Русија во Сочи. Променливото време, влажната патека им задаваше големи проблеми за сите возачи, но сепак на неа најдобро се снајде Норис кој со болидот на Меклаерн беше најбрз. Од втората позиција утре ќе стартува Саинц со болидот на Ферари, додека квалификациите како трет ги заврши Расел на Вилијамс.

Луис Хамилтон, актуелниот првак во Формула 1, утрешната трка во Сочи ќе ја започне од четвртата позиција.

Да кажеме дека Хамилтон самиот си е виновен и одново инцидент поврзан со него. Британецот влегувајќи во бокс се удри во ѕидот и тоа беше крај за него на денешните квалификации, со тоа остана на четвртата позиција.

Верстапен поради казните, но и поради менување на агрегатот, утре ќе стартува од последната позиција.

ФОТО: Formula 1 Twitter

ПретходноСлатка одмазда, Сити триумфално на “Стемфорд“, а Јунајтед и Роналдо тотално разочараа! (ВИДЕО)
СледноАлавес го сопна шампионот и ја забележа првата победа сезонава (видео)