Лудница на “Мараси“: Џенова губеше со 0:2, па водеше, на крајот освои бод, добри 45 минути за Пандев

760

Каков луд натпревар вечерва на “Мараси“ меѓу Џенова и Верона во рамките на 6.коло во Серија А.

Гостите имаа водство до 77.минута од 2:0, и тоа со головите на Симеоне и Барак. И потоа се случи чудо, Џенова “воскресна“ и дојде до 3:2, и тоа со головите на Кришито во 77. иво  80.минута, за да Дестро на асистенција на Пандев, на магичен начин постигна гол за 3:2.

Сепак ова не беше крај, имено Калиниќ во 90+1.ги постави конечните 3:3. Фудбал за уживање, фудбал за инфаркт. Фудбал во кој гледачите на “Мараси“ посто уживаа.

Гранде Пандев влезе во игра на почетокот на второто полувреме, доби жолт, но одигра добри 45.минута. Во 95.минута имаше и шанса за победа, но сепак немаше среќа.

ПретходноГолманот на Астон Вила со провокација до Роналдо (ФОТО)
СледноРеал Мадрид првпат оваа сезона не постигна гол