Адем Мекиќ беше моторот во тимот на МЗТ Скопје, лидерот на теренот, со пет тројки во низа или вкупно со 27 поени и 7 скока го предводеше актуелниот македонски првак до триумфот над Работнички од 79-78. Во Аеродром вечерва ќе пристине четвртиот пехар во Суперкупот, кој од оваа година го носи името на легендарниот тренер „Драган Василов – Цевка“.
„Секое дерби е носи попсебна емоција, мотив и желба за докажување. Без разлика на тоа какви состави имаат двата тима, секој меч е возбудлив. Одлично е што се врати Суперкупот, беше вистинско уживање да се игра пред публика. Секоја чест за Работнички и нивната игра. Среќен сум што го освоивме трофејот. МЗТ Скопје секогаш има фаворитска улога, така ќе биде и оваа сезона“, изјави Мекиќ по мечот.