Познати составите: Тухел со Лукаку и Вернер во нападот, Пеп со интересен одговор!

260

Во 13:30 часот ќе започне супер – дербито во Премиер – лигата меѓу Челзи и Манчестер Сити. Да се потсетиме дека овие две екипи играа и во последното финале во Лигата на Шампионите во кое “сините“ од Лондон славеа. Дали сега дојде време за одмазда на Пеп Гвардиола и неговата чета.

Познати се стартните состави на мечот кој цела Европа со нетрпение го очекува.

Томас Тухел, стратегот на Челзи се определи за следните единаесетмина: Менди, Аспиликуета, Кристенсен, Ридигер, Џејмс, Канте, Жоргињо, Ковачиќ, Алонсо и во шпицот Вернер и Лукаку.

Пеп Гвардиола и Сити дербито ќе го започнат со: Едерсон, Вокер, Дијаш, Лапорт, Кансело, Родриго, Де Брујне, Бернардо Силва, Грлиш, Жезус, Фоден.

ПретходноБразил повика осум играчи од Премиерлигата, иако знае дека ги чека карантин!?
СледноПо цели пет години: Уапсена жената која била виновник за страшната несреќа на Шапекоенсе!