Првпат по 86 години Лидс не победи на првите шест меча во најсилната англиска лига

73

Лош старт на Лидс Јунајтед во новата сезона. Екипата за која до пред неколку месеци играше Езџан Алиоски, сега дожува неуспех по неуспех и по шест кола во Премиер лигата нема забележано победа!

Денеска загуби дома од Вест Хем и воедно првпат во историјата губи три пати дома од овој противник.

Исто така првпат во историјата им се случува да не победат во првите шест кола од формирањето на Премиер лигата во 1992 година, а пошироко првпат по сезоната 1935/36 се случува да немаат ниту еден триумф по првите шест меча во елитната англиска лига.Сепак, таа сезона Лидс завршил на 11. позиција.

Четата на Марсело Биелса сезонава запиша три ремија и три порази и е на 18. место на табелата.

Исто

ПретходноВалентина Радуловиќ со пет гола се врати на терените на 46 години
СледноБадел 1861 испиша историја, преку Баскет Кам до Суперкуп трофејот (ФОТО)