Реал Мадрид првпат оваа сезона не постигна гол

117

Реал Мадрид го запиша второто реми во новата сезона во Ла Лига. „Кралскиот“ тим не успеа да дојде до целиот плен против Виљареал и да го искористи киксот на Атлетико Мадрид. Ова е прв меч на кој домаќинот не успеа да постигне гол, но сепак остана непоразен.

На крајот избраниците на Анчелоти мораа да бидат задоволни со бод, односно 0-0 на домашен терен. Ова беше дуел без премногу сериозни шанси на двете страни. Реал Мадрид имаше само еден удар во рамките на голот, додека гостите два.

Во судиското продолжение, фудбалерите на Реал се обидоа да направат притисок, но противникот добро се бранеше.

„Кралевите“ остануваа лидери на табелата со 17 бода, три повеќе од Севиља (има еден меч помалку) и Атлетико Мадрид.

ПретходноЛудница на “Мараси“: Џенова губеше со 0:2, па водеше, на крајот освои бод, добри 45 минути за Пандев
СледноПСЖ остана перфектен и без Меси, Лион се „лизна“ дома