Реал Мадрид ќе купува играч на Ц. Звезда!

1547

Трансфер на векот – така го нарекоа српските медиуми интересот на Реал Мадрид за Стефан Лековиќ, младиот фудбалер на Ц. Звезда кој веројатно во зимскиот преоден рок ќе се пресели во најголемиот клуб во светот.

Официјалната понуда од Мадрид ќе стигне на 9 јануари, кога младиот супер – талент на Ц. Звезда ќе биде полнолетен.

Оваа вест ја лансираше „Спортски Журнал“, кој сепак наговестува дека раководството на Ц. Звезда засега не планира да го продаде својот млад фудбалер.

Сепак, нели, Реал си е Реал.

Кралевите“ не се одбиваат така лесно…

ФОТО: FK Crvena Zvezda

ПретходноПо цели пет години: Уапсена жената која била виновник за страшната несреќа на Шапекоенсе!
СледноРадески: Возбуден сум што се враќам во Струмица, Шкупи оди по трите бода!