Симиќ: Не е ништо страшно, ниту пак нешто е загубено

321

Работнички во ново светло не успеа од прва да му земе пехар на градскиот ривал МЗТ Скопје, беше поразен во Суперкупот по голема драма со 79-78.

Предводникот на тимот од Градски Парк, Тони Симиќ нема замерки за своите играчи, задоволен од она што го виде на теренот и покрај поразот.

„Добар натпревар со оглед на долгата пауза. Ова ни е прв официјално меч. Презадоволен сум од момците го дадоа максимумот. Мислам дека пресуди нашето неискустово, имаме нов состав. Ќе покажаме поквалитетни игри, одиме во добра насока, главата горе. Не чека стартот на првенството, ќе гледаме да се покажеме во најдобро светло. Ни треба време да се воиграме, бидејќи ова е нов проект, немаме притисок, одиме полека, нашата цел е овој клуб да почне да живее. Не ништо страшно, ниту пак нешто е загубено“, изјави Симиќ.

ПретходноМЗТ Скопје одново го остави Работнички со празни раце – го освои Суперкупот (ФОТО)
СледноМекиќ творецот на победата: Беше вистинско уживање да се игра пред публика!