Супер-дерби: Челзи го дочекува Сити во реприза на финалето од ЛШ

111

Во реприза на годинешното финале на Лигата на шампионите, денеска од 13.30 часот на „Стемфорд Бриџ“, Челзи го пречекува Манчестер Сити во супер-дербито на 6. Коло во англиската Премиер лига. Челзи големото дерби го дочекува како лидер, со три бода предност пред шампионскиот состав на Пеп Гвардиола.

Англиските медиуми во голема мера дербито го најавија како битка на тренерите „Тухел vs. Гвардиола“. Откако пристигна на Стемфорд Бриџ во јануари, Томас Тухел го оживеа Челзи. Во последните три натпревари против Пеп Гвардиола, Тухел беше трипати поуспешен, вклучително и финалето во Лигата на шампионите на 29 мај во Порто, каде Челзи стигна до европската титула со победа од 1: 0.

На прес –конференцијата пред мечот, Тухел беше запрашан кој е подобар тренер, тој или Гвардиола.

„Тоа прашање не постои за мене и не можам да го одговорам. Имам голема почит кон Гвардиола, тој остави голема трага во Барселона, Баерн и Сити. Ова не е наш дуел, ова не е тенис или шах. На последните три натпревари шансите беа 50:50, а малите нешта решаваа. АИ утре шансите ќе бидат 50:50“, рече Тухел.

„Сините“ се всушност во низа од четири последователни победи во сите натпреварувања, откако ги совладаа Астон Вила и Тотенхем во Премиер лигата, покрај тоа што ги победија Зенит во Лигата на шампионите и Астон Вила во Лига Купот на Англија. Тимот на Томас Тухел прими само еден гол во овие четири меча.

Гвардиола се надева дека ќе одговори во совршен стил на „Стемфорд Бриџ“ ова саботно попладне, но фактот дека „граѓаните“ ги загубија последните три натпревари против Челзи може да биде опасен фактор, особено затоа што домашните изгледаат полни со самодоверба под брилијантниот тактичар Тухел. Мечот е дополнително оптоварен од фактот што Манчестер Сити ќе играат против ПСЖ во Лигата на шампионите следната недела пред да патуваат за Ливерпул следниот викенд.

Според обложувалниците мал фаворит е Челзи.

Веројатни состави:

ЧЕЛЗИ: Менди; Кристенсен, Т. Силва, Ридигер; Аспиликуета, Канте, Жоргињо, Алонсо; Хаверц, Лукаку, Вернер

МАНЧЕСТЕР СИТИ: Едерсон; Вокер, Диас, Аке, Кансело; Де Бруин, Фернандињо, Гундоган; Г. Жезус, Торес, Грилиш

ПретходноПрекината серијата: Левандовски за првпат по февруари не успеа да постигне гол
СледноВенгер открива: Ако имаме СП на две години, квалификациите ќе се играат само во март и октомври