Токискиот маратон одложен за следната година

82

Овогодинешното издание на Токискиот маратон е одложено за 2022 година поради пандемијата со Ковид-19. Првичните планови беа трката да се одржи на 17 октомври, но главниот град на Јапонија се уште е во вонредна состојба и организаторите на Токискиот маратон одлучија да го одложат истиот за почетокот на следната година.

Новиот датум е 6 март 2022 година и ќе важи само за изданието од оваа 2021 година.

„Се подготвуваме да одржиме пријатен настан, истовремено обезбедувајќи безбедност не само за нашите тркачи, туку и за секој учесник во настанот“, рече директорот на маратонот, Тад Хајано.

„До последен можен момент, истражувавме различни начини за одржување на настанот во октомври, но со оглед на моменталната ситуација, одлучивме да го одложиме истиот за во 2021 година и да го откажеме планираниот за 2022 година“, додаде тој.

ПретходноВерстапен ќе го менува моторот и ќе стартува последен на ГН на Русија
СледноНекогашната надеж на Милан е ново засилување на Бордо