Член третата генерација Малдини постигна гол за Милан! (видео)

335

Даниел Малдини кој има 19 години дебитираше за Милан на денешниот меч со Специја кој „росонерите“ го добија со 2:1. Даниел постигна гол во 48. минута за водство на Милан, противникот потоа изедначи, а Брахим Диаз ја обезбеди победата за миланската екипа.

Даниел Малдини е претставник на третата генерација на фамилијата Малдини кој заиграл за првиот тим на Милан и постигнал гол.

Пред него, во 1987 година татко му Паоло Малдини го реализира првиот гол за Милан во најсилната италијанска лига против Комо, а дедо му Чезаре во 1955 година го постигна првиот гол за Милан во Серија А на мечот со Триестина.

 

ПретходноЗАПАД: И со новиот тренер Вардар е за жалење, Силекс со нови три, Воска ја “згази“ Велешта…
СледноШлаканица за Пролет во Битола, Е.Пелистер 2 им одржа лекција на скопјани