Е.Пелистер 2 продолжува да изненадува оваа сезона. По Металург и Бутел Скопје, на домашен терен го совлада и Пролет со 29-22 за трета победа во низа во Супер-лигата.
Гостите кои имаат поискусен состав и имаа европски амбици, целосно потврфли, на теренот изгледаше немоќно, а за тоа добро се погрижија ракометарите на Е.Пелистер 2.
Кузманоски со 8 гола беше прв стрелец, Атанасијевиќ имаше шест погодоци, на другата страна Пецаковски имаше пет гола.
Дуелот почна изедначно, по што битолскиот тим со серија од 4-0 поведе со 12-8, на полувремето се избори за 15-10.
Избраниците на Александар Јовиќ продолжија во ист ритам и во вториот дел, но по 20-15, гостите се разбудија точно на средината на ова полувреме, намалија на 20-17. Во 52. минута, домашниот состав одново поведе со плус пет (24-19), на другата страна Андон Бошковски во очај повика тајм-аут, пок кој домаќинот реализираше трипати за 27-19.
Гостите се обидоа да се вратат, но веќе немаше доволно време.
Е.Пелистер 2 воедно успеа да му го нанесе првиот пораз на Пролет оваа сезона.