Екипата на Металург никако да пркне оваа сезона. Тимот од Автокоманда влезе во лоша серија, а истата ја продолжи на гостувањето кај Тиквеш. Кавадарчани им го нанесоа четвртиот пораз во низа на скопјани, ги совладаа со 21-19.
Пред самиот крај домашниот состав со два гола во низа успеа да поведе со 19-17 и до крај да ја задржи позитивата од два гола. Металург беше многу подобар во првото полувреме, водеше со 5-10, на одморот замина со позитива од 11-13.
До 45. минута ја одржуваше минималната предност, по што ритамот падна, а кавадарчани успеаја да направат целосен пресврт за прва победа.
Јанчев имаше 9 гола, пет запиша Кондев, кај гостите Каковски и Петковски имаа по пет погодоци.