Роналдо со порака по новиот пораз, има ли Солскјер причина да биде загрижен?

657

Кристијано Роналдо го доживеа првиот премиер-лигашки пораз по кам-бекот во дресот на Манчестер Јунајтед. Неговиот тим вчера на „Олд Трафорд“ беше поразен од Астон Вила со 1-0.

По Јанг Бојс во Лигата на шампиони, Вест Хем во Лига Купот, Астон Вила им го нанесе третиот пораз на „црвените ѓаволи“ во последните четири мечеви.

Роналдо е свесен дека резултати се далеку од добри, но според последната објава тој е голем, оптимист.

„Ова е само почеток, но во лига како што е Премиер, секој бод е важен. Мораме да реагираме моментално, да станеме на ноза и да ја покажеме вистинската сила“, напиша Португалецот на својот „Инстаграм“ профил.

Поразот не е единственото нешто што ги загрижува навивачите на Јунајтед, туку и последните одлуки а Оле Гунар Солскер, па останува да видиме како ќе се снајде на следните две домашни средби, против Виљареал во среда и против Евертон во сабота.

Солскјер оди по тенок лед, по едно вакво издание тешко е да се одбегнат информациите за негов отказ. Доколку се случи тоа засега слободен е Антонио Конте.

ПретходноПМФЛ: Дуел Васоски VS Седлоски, Тиквеш очајно посакува победа, Работнички пред нови бодови…
СледноМарио Станковски: Го респектираме Пелистер, но Работнички сака да ја продолжи успешната серија!