Арсенал покажа кој е кој во северен Лондон!

136

Арсенал со 3:1 успеа да слави против Тотенхем во дербито на северен Лондон. Прекрасни триесетина минути на “топчиите“ кои во 34. минута имаа водство од 3:0 и тука веќе беше се решено. Смит Роу во 12. минута стрелаше за 1:0, потоа Обамејанг во 27.минута зголеми на 2:0, за да “распарчувањето“ на Тотенхем го заврши Сака во 34.минута за 3:0. Во тие моменти фановите на Тотенхем веќе го напуштаа стадионот, тие не можеа да гледаат што се случува со нивниот тим, посебно кога противникот е лутиот ривал – Арсенал.

Следуваше мало опуштање на Арсенал, кој ги држеше тие 3:0 се до 79.минута кога Сон успеа да го ублажи поразот за конечни 3:1.

Ова е трет триумф на Арсенал сезонава во Премиер-лигата и трет пораз на Тотенхем во изминатите шест кола.

ПретходноПолувреме на дербито во Струмица: “Пандевци“ и Шкупи засега без голови!
СледноПрвата рунда за Вардар, Талески го испрати Е.Пелистер со празни раце (ФОТО)