Барса победи, Фати по 10 месеци се врати со гол, Леванте без нашиот Барди!

114

Конечно малку радост, малку убави моменти за сите во таборот на Барселона. Каталонците попладнево во меч од 7.коло во Ла Лига со 3:0 го победија Леванте, кој настапи без нашиот Енис Барди кој се уште е повреден. Стрелци на головите кај победничкиот тим беа Депај од пенал во 6. минута, Де Јонг во 14.минута и Фати во 90.+1.

Значи Барселона победи на холандски „погон“ и со помош на новата “десетка“, а тоа е Ансу Фати кој денеска се врати на терен по цели 10 месеци пауза.

И своето враќање го зачини со убав гол.

ФОТО: FC Barselona twitter

ПретходноКаква партија на Миркуловски и Вецлар, ги „уништија“ Хановер и Кузмановски
СледноДибала се повреди па во солзи го напушти теренот