Блескав настап на Македонецот: Гол – шоу на Милан Ристовски на дербито во Словачка!

1487

Милан Ристовски покажува дека е во супер форма, токму навреме, во пресрет на октомврискиот циклус и мечевите со Лихтенштајн и Германија. Нашиот репрезентативен напаѓач попладнево во дресот на Трнава успеа да му даде два гола на тимот на Дунајска Стреда и тоа на негов терен, меч кој беше дерби во Словачка.

Ристовски играше до 77.минута, кога при резултат 3:0 за неговиот тим беше повлечен од игра.

Првиот гол, нашиот репрезентативец го постигна во 42.минута за 2:0, додека во 66.,минута стрелаше за 3:0.

Со овие два гола сега Ристовски е на делба на првото место на листата на стрелците.

ПретходноНант и Лазаров му одржаа лекција на Монпеље
СледноПолувреме на дербито во Струмица: “Пандевци“ и Шкупи засега без голови!