Валенсија го претрпе вториот пораз во сезоната, откако загубија од Мурсија дома со 86:91. Домашниот тим може да жали за овој резултат, со оглед дека имаше супериорно прво полувреме, во кое во еден момент водеше дури и со 17 разлика.
Димитријевиќ имаше пет асистенции во првите пет минути, но потоа имаше две загубени топки за кратко време, и доби техничка поради приговор. Македонецот остана на клупата, по што Мурсија фати чекор и се врати во игра, правејќи целосен пресврт.
Димитријевиќ на крајот реализираше скромни шест поени, но дојде до бројка од 12 асистенции. Меѓутоа имаше и осум загубени топки.