Екипата на Лацио ја совлада Рома во градското дерби во 6. коло на италијанската Серија А. „Орлите“ летнаа рано! Од 10. до 19. минута со головите на Милинковиќ-Савиќ и на Педро поведоа со 2:0, но пред крајот на првото полувреме Ибањез намали за повозбудлив втор дел од мечот.
А во 63. минута Фелипе Андерсон зголеми на 3:1, додека четата на Жозе Мурињо намали шест минути подоцна со гол на Верету од пенал. Иако во финишот Португалецот направи три измени резултатот не се промени, па бодовите отидоа на контото на екипата предводена од Маурицио Сари.
Инаку Лацио не е совладан од Рома кога формално бил домаќин од 2016 година. А Педро е само третиот играч кој реализирал гол на римското дерби за двата клуба. Претходно тоа го направиле Арне Симонсен и Александар Коларов.
Sarri’s Lazio are joking with Mourinho’s Roma 💀 pic.twitter.com/y3RLYn9Lye
— mx (@MessiMX30i) September 26, 2021