Од вчерашниот неверојатен натпревар меѓу Џенова на Горан Пандев и Верона, кој заврши со 3-3 доаѓа интересна видео-снимка. Во центарот на вниманието се најде Матија Дестро, со неговиот погодок, Џенова поведе со 3-2.
Тој со пластично шише во рака ја затресе мрежата на противникот, асистент на негововиот погодок беше токму Пандев.
По завршување на мечот објасни зошто имал шише во рака.
„На крајот на мечот бев толку уморен, ме фатија грчеви. Пиев вода и не знаев дека да го фрлам шишето, па одлучив да го задржа со себе“, изјави Дестро.