Јувентус на домашен терен го совлада тимот на Сампдорија со 3:2.
Првиот гол го постигна Пауло Дибала, кој што е главна тема во Италија. Имено, тој по голот заработи повреда, по што мораше да го напушти теренот.
Меѓутоа на излегувањето надвор се расплака, а соиграчите го тешеа. Допрва ќе следуваат анализи за тежината на повредата.