„Експлозија“ на Шкупи, чаирчани од 1:0 дојдоа до 1:3 во супер – дербито во Струмица! (видео)

1801

Одлично, супер дерби во Струмица меѓу А. Пандев и Шкупи кое заврши со триумф на чаирчани со 3:1. Со оваа победа, четата на стратегот Гоце Седлоски се врати на чело на табелата, откако неколку часа тоа беше Ренова.

Струмичани поведоа со голот на Мартин Мирчевски од пенал во 49.минута кога Исмаили стартуваше врз Крстевски.

Сепак Шкупи покажа дека во моментов е најдобрата екипа во ПМФЛ. Прво Марко Ѓорѓиевски во 78.минута погоди за 1:1. Тој беше „џокерот“ од клупата на Седлоски. Шкупи не се задоволи со овие 1:1, тргна кон победа и ја доби, дојде до неа. И тоа преку пеналите кои ги изведуваше Фреди Алварез. Прво во 86.минута, за да потоа уште еднаш во 90.минута.

Судијата Александар Ставрев без многи размислување покажа на белата точка во сите три наврати.

Се на се одличен меч, полн со динамика, сепак на крајот победи поквалитетниот тим, а тоа вечерва беше Шкупи.

Првиот тренерски дуел меѓу Васоски и Седлоски, некогашните соработници во Вардар, го доби вториот.

ПретходноГоледа на римското дерби: Лацио и го зема скалпот на Рома (видео)
СледноПобедничко селфи: Чаир слави среде Струмица!