Каква партија на Миркуловски и Вецлар, ги „уништија“ Хановер и Кузмановски

172

Македонското дерби во Бундес-лигата убедливо му припадна на Филип Миркуловски. Вецлар одигра неверојатно добар натпревар на домашен терен, го совлада Хановер на Филип Кузмановски со убедливи 38-16.

За Хановер ова беше еден од најслабите мечеви оваа сезона, на полувремето успеа да постигне само шест гола (19-6). Вецлар отвори со 9-2, најголемата позитива во овој дел беше токму од 13 гола. По одморот истата растеше, па Кузмановски и неговиот тим губеа со 23 разлика.

Миркуловски беше стрелец на два гола, додека Кузмановски имаше три неуспешни обиди.

Вецлар има две победи и два пораз, и се наоѓа на седмото место, Хановер се наоѓа на 14. позиција со победа и два порази.

Овој викенд немаше среќа и Жарко Пешевски, Штутгарт пред своите навивачи беше совладан со 26-34 од Хамбург за четвртти пораз во низа. Македонскиот репрезентативен пикер беше стрелец на два гола од три обиди.

ПретходноПовторно бледа Шкендија: Бруно нема да му се израдува на роденденот!
СледноБарса победи, Фати по 10 месеци се врати со гол, Леванте без нашиот Барди!