Куртоа влезе во историјата на Ла Лига со 100 „празни мрежи“

165

Голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа го одигра својот 100-ти натпревар во Примера без примен гол. Синоќа на мечот со Виљареал, неговиот тим одигра само нерешено, 0:0, а со тоа Тибо стана само петтиот голман во 21 век со такво достигнување.

Белгискиот чувар на мрежата на Реал има 100 „суви“ мрежи на 217 одиграни средби во Примера. Пред него ваков резултат има само голманот на Атлетико Мадрид, Јан Облак. Словенецот стигна до 100 натпревари без примен гол на 182 натпревари.

ПретходноСамо еден ќе остане недопирлив: Вардар 1961 и Е.Пелистер во првото сезонски дерби
СледноСолскјер се огласи за спорниот пенал