Марио Станковски: Го респектираме Пелистер, но Работнички сака да ја продолжи успешната серија!

141

Работнички денеска од 15 часот на ФФМ го дочекува Пелистер. Ова е меч од 8.коло во ПМФЛ. Според местата на табелата се знае кој е фаворит, но никој во редовите на клубот од Градски парк не мисли дека ќе биде лесно, напротив.

Марио Станковски, постариот од браќата Станковски, на минатиот меч со Македонија ЃП не настапи поради повреда, но денеска ќе биде во комбинација.

Еден од главните играчи на Работнички за “Спортмедиа“ за мечот со Пелистер посочи:

“Нема да биде лесно, добро знаеме за квалитетите. Битолчани досега најдобро одиграа токму против најсилните. Мораме да бидеме внимателни, не смееме да го потцениме Пелистер, тоа никако. Јасно е дека ние сме во улогата на фаворити и таа улога мора да ја оправдаме. Мислам дека од нас зависи како тоа ќе се одвива овој натпревар. Ако ние одиграме како што треба тогаш можеме да се надеваме на победа и продолжувањена успешната серија“ изјави Марио Станковски.

ПретходноРоналдо со порака по новиот пораз, има ли Солскјер причина да биде загрижен?
СледноМерцедес намерно го испрати Ботас да стартува од 17. место, за да спречи напад на Верстапен?