Пилотот на Мерцедес, Валтери Ботас, денешната трка за Големата награда на Русија ќе ја започне од 17-тото место. Причината е тоа што тој повторно ја смени погонската единица, и од истата причина стартуваше последен и во Монца, иако беше најбрз во квалификациите.
Прашањето е дали ова е направено намерно?
Верстапен, како и Леклер, ќе стартуваат од „опашката“ од истата причина. Холанѓанецот ќе ја започне трката како 20., додека возачот на Ферари е една позиција пред него. Затоа се поставува прашањето дали потегот со Ботас беше пресметан потег на Мерцедес за да го спречи Верстапен да дојде до напад на врвот каде ќе биде Хамилтон, кој денеска трката ќе ја започне од четвртото место.
Верстапен во моментов има пет бода повеќе од Британецот, па овој потег на Мерцедес може да има одлучувачки ефект врз прашањето за новиот шампион во Формула 1.