Мурињо: Судијата и ВАР го уништија римското дерби!

251

Се јави „Посебниот“ по поразот на неговата Рома од Лацио во дербито на Рим. „Волчицата“ изгуби со 3:2, а Мурињо реагираше до арбитрите и до луѓето во ВАР собара за кои смета дека го уништиле дербито. Уште пред дербито протестираше затоа што сметаше дека Лоренцо Пелегрини не требало да биде суспендиран, а потоа беше бесен поради тоа што Лукас Леива не добил втор жолт картон поради удирање на противнички играч. Исто така смета дека имало фаул над Заниоло пред голот на Педро.

За жал, фантастичниот натпревар го уништија судијата и ВАР. Тие не беа на нивото. Требаше да биде досуден фаул пред вториот гол на Лацио. Исто така требаше да биде покажан втор жолт картон на Лукас, а поради ист потег Пелегрини доби црвен картон и беше суспендиран“, грмна Мурињо во интервју за „ДАЗН“.

Мислам дека мојот тим добро играше. Доминиравме, му направивме на Лацио многу проблеми, тие ги контролираа само последните минути на начин како што сакаа и бидејќи судијата им дозволи тоа да го прават“, додаде Португалецот.

Мурињо потоа не се појавил на прес-конференцијата по натпреварот, а причината најверојатно лежи во неговата кавга со новинарот на Скај Спорт Анџело Мањанте.

ПретходноПедро влезе во историјата на римските дербија (видео)
СледноАкраповиќ: Имавме многу шанси и жалиме што не победивме