Кирил Лазаров и Нант го добија дербито против Монпеље во рамките на 3. коло во францускиот шампионат. Тимот на нашиот најдобар ракометар и селекторот на македонската репрезентација одигра перфектен меч, во ниту еден момент не ја стави победата под знак прашалник, на крајот сосема заслужено славеше со 34-28.
За Нант ова беше втора победа, во првото коло отвори со неочекуван пораз.
Дуелот почна со 6-2, Монпеље се доближи на два гола разлика, а Нант со серија од 9-0 поведе со 19-10 во 29. минута. На голот на Нант одличен беше Нилсен, благодарение на него позитивата беше голема. Нант и по одморот држеше ритам, без проблем го приведе мечот во своја корист.
Лазаров дуелот го заврши со три гола од четири обиди, Нилсен на крајот запиша 13 одбрани.