Насри објави крај на кариерата

151

Некогашниот француски репрезентативец Самир Насри, денеска објави дека ја завршува кариерата. Поранешниот фудбалер од средниот ред објасни зошто не сака повеќе да игра фудбал.

Истакна дека одлуката за суспензија во 2018 година која ја заработи поради допинг, му ја уништило кариерата.

„Бев разочаран, сметам дека тоа беше нефер одлука. Не земав ништо недозволена. Таа одлука ме уништи, а сега е време да ја завршам кариерата“, рече Насри.

Кога се појави на големата сцена во дресот на Марсеј, сите му предвидуваа голема кариерата. Се продаде во Арсенал каде што продолжи да се развива, а потоа и во Манчестер Сити. Таму почна да се губи, па направи трансфер во Севиља, па во турски Анталијаспор. Проба да ја спаси кариерата во Вест Хем и Андерлехт, но одлучи дека е подобро да биде стручен коментатор на Канал плус.

ПретходноПМФЛ: Одличен Пелистер со бод од ФФМ, реми во Струга, Ренова ја “наполни“ Брегалница… (ВИДЕО)
СледноСерија „А“: Фиорентина со четврта победа, Емполи ја совлада Болоња