Ништо од светски рекорд на Берлинскиот маратон, победи за Адола и Гебресласе

122

Адола Гуеј во машка и Готит Гебресласе во женска конкуренција се победници на 47. Берлински маратон. Трката се одржа во тешки услови, со висока влажност, која во еден момент достигна 87 проценти.

Иако нападот на светскиот рекорд го најави 39-годишниот трикратен олимписки победник, Кененизе Бекеле, веќе беше јасно среде трката дека нема да има ништо од тоа.

Бекеле, двократниот победник на Берлинскиот маратон, беше првиот што попушти и ја напушти водечката група. За жал, кризата за него започна од 23-от километар, така што најавите за рекорд брзо се распрснаа.

По бројните пресврти, на крајот славеше второпласираниот од 2017 година, 30-годишниот Гуеј, која истрча време од 2 часа, 5 минути и 45 секунди. Втор заврши Кениецот Бетвел Jeегон, а Бекеле на крајот беше само третопласиран.

Победниците и во двете конкуренции за награда добија по 40.000 евра.

ПретходноЈувентус на „мускули“ ја совлада Сампдорија (ВИДЕО)
СледноВаленсија од +17 до пораз, Димитријевиќ со 12 асистенции и 6 поени