Шпанскиот крилен напаѓач Педро Родригез влезе во историјата на римските дербија со голот што го постигна во победата на неговиот Лацио на мечот со Рома (3:1). Шпанецот е само третиот фудбалер кој успеал да постигне гол на римските дербија и за двата клуба, а само втор кој го направил тоа во една календарска година.
Пред него тоа го направиле Бенгт Селмунсон и Александар Коларов. Селмунсон е првиот на кого тоа му успеало во една календарска година. Тој постигнал гол за Лацио во март 1958 година, а потоа во дресот на Рома му дал гол на поранешниот клуб во ноември 1958 година.
Првиот гол на Педро како играч на Рома против Лацио беше на 15 мај 2021 година во победата на „орлите“ со 2:0.