Пелистер апсолутно заслужено дојде до бод на ФФМ на гости кај Работнички во меч од 8.коло. Битолчани иако губеа со 0:1 долго време, но имаа шанси, играа добро, Работнички го немаше никаде и по двете шанси на Принц, сепак Глорие успеа во 90.минута да донесе 1:1.
Во една од дерби средбите, во Струга домашниот тим и Шкендија одиграа 1:1. Скендери рано им донесе водство на Стружани, за да Тимовски во финишот донесе бод за шампионот.
Голеада и фантастична игра на Ренова. Со 5:2 ја победи Брегалница и уште еднаш покажа дека има силен тим и затоа е на врвот на табелата во очекување на дербито. Селмани, Јусуфи, Шефити, Илиески и Мустафов ја “бомбардираа“ Брегалница.
Конечно Тиквеш победи и тоа со 3:0, и тоа против Македонија ЃП. Деби победа на Влатко Костов, после некој ќе каже дека не било до тренерот.
Скопје со головите на Кировски уште во првиот дел успеа да слави во Велес против Борец.
РЕЗУЛТАТИ – 8.КОЛО
СТРУГА ТЛ – ШКЕНДИЈА 1:1
(Скендери 11./Тимовски 80.)
БОРЕЦ – СКОПЈЕ 0:2
(/Кировски 6., 13.)
РАБОТНИЧКИ – ПЕЛИСТЕР 1:1
(Ристевски 34./Глорие 90.)
ТИКВЕШ – МАКЕДОНИЈА ЃП 3:0
(Нгоба 54., Ивановски 83., Спахиу 90./)
РЕНОВА – БРЕГАЛНИЦА 5:2
(Јусуфи 22., Селмани 33., Шефити 37., Илиески 74., Мустафов 90/Алтипармаковски 25., Манев 53.)
А. ПАНДЕВ – ШКУПИ (18 ЧАСОТ)
РЕНОВА – БРЕГАЛНИЦА
БОРЕЦ – СКОПЈЕ
СТРУГА – ШКЕНДИЈА
РАБОТНИЧКИ – ПЕЛИСТЕР
ТИКВЕШ – МАКЕДОНИЈА ЃП