Повторно бледа Шкендија: Бруно нема да му се израдува на роденденот!

242

Уште еднаш, по којзнае кој пат сезонава, бледо издание на Шкендија. Ако не беше оној среќен гол на Тимовски во финишот на мечот во Струга, шампионот ќе доживееше пораз од Струга Трим Лум . Вака тетовци мора да бидат задоволни и со тие 1:1, а губеа уште од 11.минута.

Ако некој во Шкендија најмногу сакаше победа, тоа секако дека беше стратегот Бруно Акраповиќ кој денеска полни 54 години.

Нема што, Бруно нема да му се израдува на роденденот.

Ќе му биде горчлив и тоа како, ако се гледа како игра неговата Шкендија, која е далеку од далеку од потребната форма која треба да го краси шампионот и најдобриот тим во Лигата.

ПретходноТргна со голови во Ксанти: Бум – бум Бесарт!
СледноКаква партија на Миркуловски и Вецлар, ги „уништија“ Хановер и Кузмановски