Завршија првите полувремиња од петте средби од 8.коло во ПМФЛ. Работнички со голот на Александар Ристевски води со 1:0 против Пелистер.
Струга Трим Лум води против Шкендија и тоа со голот на Емир Скендери откако киксираше одбраната на шампионот.
Ремзифаик Селмани уште еднаш покажа дека е еден од најдобрите фудбалери во ПМФЛ. Офанзивецот на Ренова постигна фантастичен гол од слободен удар, прекрасно му асистираше на Јусуфи за уште еден, Шефити беше стрелецот на третиот гол на “гипсарите“, додека Алтипармаковски беше стрелец за Брегалница. Резултатот под Шара е 3:1 за Ренова.
Скопје со двата гола на Кировски изненадувачки води во Велес, додека нема голови само во Кавадарци.
Дербито меѓу А. Пандев и Шкупи започнува во 18 часот.
РЕНОВА – БРЕГАЛНИЦА
БОРЕЦ – СКОПЈЕ
СТРУГА – ШКЕНДИЈА
РАБОТНИЧКИ – ПЕЛИСТЕР