Само еден ќе остане недопирлив: Вардар 1961 и Е.Пелистер во првото сезонски дерби

368

Големото ракометно дерби во Суперлигата е закажано за денеска. Првата „епизода“ меѓу двајцата најсериозни кандидати за титулата се игра во СЦ „Јане Сандански“, Вардар 1961 е домаќин на Е.Пелистер, дуелот е закажан со почеток во 18 часот.

Победникот на овој дуел ќе направи чекор напред кон титулата. По вчерашниот срамен пораз на Пролет од Е.Пелистер 2, останува јасно дека токму вардарци и пелистерци ќе се борат за пехарот, кој го бранат момците од СЦ „Јане Сандански“.

Пред сезоната и двата тима имаа шанси да ги одмерат силите, но дефинитивно денеска ќе биде поинаква средба. По неверојатното издание против Мешков Брест, Вардар 1961 оправдано е голем фаворит, покажа дека има материјал кој ветува. На другата страна пак битолчани во Скопје доаѓаат крајно мотивирани, не ја заборавија лекцијата од минатата сезона, па сакаат да дома да заминат со целиот плен.

По оваа средба само еден тим ќе остане недопирлив, и Вардар 1961 и Е.Пелистер имаат три победи во исто толку одиграни натпревари.

Во истиот термин, Скопје го пречекува Прилеп, додека еден час подоцна Металург кај Тиквеш ќе бара излезе од серијата од три порази од низа.

ПретходноМерцедес намерно го испрати Ботас да стартува од 17. место, за да спречи напад на Верстапен?
СледноКуртоа влезе во историјата на Ла Лига со 100 „празни мрежи“