Манчетсер Јунајтед може да жали по поразот од Астон Вила на „Олд Трафорд“ од 0-1. Бруно Фернандеш промаши од белата точка за бод од оваа средба. Многумина се прашуваа зошто ударот од белата точка не го изведе Кристијано Роналдо.
Одговорот на ова прашање го даде предводникот на Јунајтед, Оле Гунар Солскјер.
„Бруно е добар во пеналите, но овој пат промаши. Во овој момент е доволно сили за да одново шутира кога ќе има потреба. Одлуката за кој же шутира пенали ја носиме пред натпреварот, јас одлучив ден порано“, изјави Солскјер.
Норвежанецот исто така смета дека требало да биде досуден офсајд кога Астон Вила успеа да дојде до водство.