ПСЖ без помошта на Лионел Меси (поради повреда не настапи) дојде до осмата победа во Лига 1 и остана единствениот непоразен тим во овој шампионат. „Светците“ на домашен терен го совладаа Монпеље со 2-0.
Веднаш по завршувањето на овој меч француските медиуми објавија видео снимка од Мбапе на клупата за резерви. Според приложеното може да се види дека е незадоволен од соиграчите во нападот.
Французите тврдат дека неговите критики се однесуваат на Нејмар, кој во неколку ситуации го игнорираше слободениот Мбапе. Во еден момент двајцата се судрија на теренот, бркајќи ја топката.
По оваа ситуација се поставува прашањето дали Маурицио Покетино ќе успее да го сочува мирот во соблекувалната, многумина сметаат дека спојот на голем број на ѕвезди нема да ги донесе очекуваните резултати, тука се мисли на освојувањето на Лигата на шампиони.
— lucie (@lucie_meryl) September 25, 2021