Челзи во паника, дефанзивецот одби да продолжи договор

251

Лондонски Челзи е во паника откако еден од најдобрите играчи во моментов, Антонио Ридигер, одби да го потпише новиот договор.

Стоперот има договор до крајот на сезоната, ама плановите сега ги „матат“ понудите од Реал Мадрид и од Баерн Минхен па така лесно може да се случи на крајот на сезоната германскиот репрезентативец да замине во некој од овие два тима.

Ридигер дојде во Челзи од Рома во 2017 година, и беше еден од заслужните за титулата европски шампион минатата година.

ПретходноДинамо Букурешт се пофали: Дојде Гурбиндо!
СледноПМФЛ: Одличен Пелистер со бод од ФФМ, реми во Струга, Ренова ја “наполни“ Брегалница… (ВИДЕО)