Јувентус ја запиша и втората победа во низа откако славеше на домашен терен против Сампдорија со 3:2, меѓутоа остана без напаѓачите Пауло Дибала и Алваро Мората кои се повредија и со сигурност ќе го пропуштат дуелот од Лигата на Шампионите против Челзи, потврди Масимилијано Алегри.
„По победата над Сампдорија ќе се спремаме за Челзи. Дибала и Мората нема да бидат во комбинација ни за мечот со Челзи, ни за дуелот со Торино. Тоа е сигурно. Само можаме да се надеваме дека ќе се вратат што побргу. Тоа е дел од играта и треба да гледаме напред. Ќе видиме што ќе правиме со Челзи, и без нив мечот не е решавачки. Клучните двобои за пласман се оние против Зенит“, изјави Алегри.
Моис Кен би требало да биде стартер против Челзи, додека докторите треба да дадат зелено светло за Федерико Киези кој исто така е повреден.